Осуденик физички нападнат во затворот Идризово

Осуденик од тетовско Јеловјане од затворот Идризово вчера бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Повредениотбил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде му е укажана лекарска помош и повторно бил вратен во КПУ Идризово.

- Вчера во 15:33 часот во Полициската станица Гази Баба од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека истиот ден околу 06:30 часот во установата осуденикот А.А. (27) од с.Јеловјане, тетовско, според пријавеното, бил физички нападнат од други двајца осуденици Т.Е. (32) и М.Ш. (50) двајцата од Скопје, посочуваат од МВР во дневниот билтен.

Од МВР посочуваат дека бил извршен увид од увидна екипа од ПС Гази Баба и се работи на расчистување на случајот.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно