МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи отвори оглас за прием на 600 полициски службеници.

Како што е наведено во огласот се бараат:

1. во Сектор за внатрешни работи Скопје - 300 извршители

2. во Сектор за внатрешни работи Охрид - 30 извршители

3. во Сектор за внатрешни работи Куманово -15 извршители

4. во Сектор за внатрешни работи Штип - 35 извршители

5. во Сектор за внатрешни работи Тетово - 20 извршители

6. во Сектор за внатрешни работи Битола - 15 извршители

7. во Сектор за внатрешни работи Велес - 15 извршители

8. во Сектор за внатрешни работи Струмица - 40 извршители

9. во Регионален центар за гранични работи Север -  25 извршители

10. во Регионален центар за гранични работи Запад - 20 извршители

11. во Регионален центар за гранични работи Исток -  20 извршители

12. во Регионален центар за гранични работи Југ -  15 извршители

13. во Оддел за специјални полициски операции - 50 извршители

1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

– да е државјанин на Република Северна Македонија;

– да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;

– активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;

– со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот;

– да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;

– да е здравствено и психофизички способен;

– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;

– да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и

– да има положено тест за интегритет.

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

– потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)

– висока лична физичка подготвеност.

3. Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа:

– извод од матична книга на родените,

– диплома за завршено четиригодишно средно образование и

– две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Кон пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:

– Сектор за внатрешни работи Скопје:

– Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,

– Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и

– Полициска станица од општа надлежност-Карпош.

– Сектор за внатрешни работи Битола;

– Сектор за внатрешни работи Велес;

– Сектор за внатрешни работи Куманово;

– Сектор за внатрешни работи Тетово;

– Сектор за внатрешни работи Охрид;

– Сектор за внатрешни работи Струмица,

– Сектор за внатрешни работи Штип.

При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.

Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.

Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).

4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.

5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:

– Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполност на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);

– Проверка на моторички способности – моторичките способности на пријавените лица се утврдуваат преку изведување на следните вежби:

а) „Склекови“, се оценува бројот на правилно изведени склекови во интервал од 10 секунди. Минимален број на склекови за мажи е 9, а за жени е 6.

б) „Стомачни подигања“, се оценува бројот на правилно изведени стомачни подигања во интервал од 30 секунди. Минимален број на стомачни подигања за мажи е 16, а за жени е 12.

в) „Скок во далечина од место“, се мери должината на скокот од одразното место до доскочното место со петите на нозете. Минимална должина на скокот од одразното место до доскочното место изнесува 220 сантиметри за мажи и 160 сантиметри за жени. Скокот од далечина од место се изведува во два обиди, а во табеларниот преглед се бодира подобриот резултат.

г) „Спринт на 20 метри“, се мери времето од стартот до целната линија поставена на 20 метри. Минимално време за мажи изнесува 3,35 секунди, а за жени изнесува 3,50 секунди.

д) „Спринт на 100 метри“, се мери времето од стартот до целната линија поставена на 100 метри. Минимално време за мажи изнесува 15 секунди, а за жени изнесува 18 секунди.

ѓ) „Трчање на 1500 метри за мажи“, се мери времето од стартот до целната линија поставена на 1500 метри. Минимално време изнесува 5 минути и 25 секунди.

е) „Трчање на 800 метри за жени“ се мери времето од стартот до целната линија поставена на 800 метри. Минимално време изнесува 3 минути.

ж) Други физички проверки определени од страна на Комисијата.

Бодовите од проверка на моторички способности претставуваат збир од добиените бодови од сите поединечни вежби.

Доколку пријавеното лице не го исполни утврдениот минимум само на една од поединечните вежби, ќе се смета дека ја поминал фазата проверка на моторичките способности доколку кумулативниот збир на добиените бодови од останатите поединечни вежби изнесува најмалку 21.

– Психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест)

– Писмено тестирање (општо – образовен тест),

– Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице),

– Безбедносна проверка и

– Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

6. За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

7. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8. При спроведување на селекцијата на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.

9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец – приправник”.

Со договорот за вработување се уредуваат меѓусебните права и обврски и се утврдува дека полицаецот е должен да остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати.

11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

12.Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува. 

KARIERA.mk најавува настан - Rewriting the Sales Playbook Selling Without Selling

🚀 KARIERA.mk со особена чест ви ја најавува престојната ексклузивна работилница посветена на светот на продажбата, која ќе се одржи на 15-ти мај во CoWork 21 Скопје!

Овојпат, наш специјален гостин и предавач е извонредната Suzanne Pazit Geva – интернационален експерт за продажба и лидерство, која зад себе има импресивно портфолио на соработка со светски гиганти како VISA, Orange, Chanel, TUI, како и бројни компании од сферите на е-commerce, retail, криптовалути и онлајн казино индустријата.

Со повеќе од дваесет години искуство во водење на продажни операции, развој на тимови и градење високоефикасни стратегии, Suzanne ќе ни ги открие тајните на високо ефективната продажба во новата дигитална ера, со посебен фокус  на пристап ориентиран кон одлични резултати, градење доверба со клиентите и долгорочен бизнис раст.

✨ Што ве очекува?

  • Актуелни трендови во продажбата за 2025 година
  • Стратегии за ефективна комуникација и преговарање
  • Изградба на тимови што инспирираат и постигнуваат
  • Пристапи за навигација низ продажни предизвици во брзорастечки индустрии

Оваа работилница е наменета за сите професионалци вклучени во продажбата, без разлика дали доаѓаат од стартап светот, корпоративен амбиент, е-commerce или услужен сектор.

🎟 Early Bird влезниците веќе во продажба до 05.05.2025!

Повеќе информации на📞 078 262 370 

За влезници на фактура слободно контактирајте не на 📩 contact@kariera.mk

📍 Локација: CoWork 21, Skopje

📆 Датум: 15 мај 2025

Обезбедете си место на време и бидете дел од ова инспиративно искуство што може да ја трансформира вашата продажна стратегија!

Валентина Тасева во „На Каде Одиме?“ - Преку образованието можеме да ја смениме иднината

Во новата епизода на поткастот „На Каде Одиме“, зборуваме со Валентина Тасева – CEO и сопственичка на Semos Education, визионерка со децении искуство во неформалното образование. 

Разговараме за сè поголемото значење на неформалното образование во современиот свет, за зошто младите сè повеќе се насочуваат кон области како анализа на податоци и дигитален маркетинг, и како желбата да се направи промена често стои во коренот на секоја инспиративна приказна.

Валентина несебично споделува практични совети за личен и професионален развој, како и начини како преку континуирано учење, љубопитност и упорност, секој може да изгради кариера што има значење.

Оваа епизода е вредна за сите кои се стремат кон раст, промена и влијание – без разлика дали се на почетокот од својата кариера или веќе се на лидерски позиции.

Не пропуштајте – на YouTube и Spotify каналите на KARIERA.mk

Вработување во Техномаркет, Силк Роуд Банка, H&M!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Casumo е основана во 2012 година и оттогаш ги предводи иновациите во iGaming индустријата. Позната по своите уникатни брендови, вклучувајќи ги Casumo и Dunder, групата продолжува да ги развива и испорачува најдобрите производи и искуства за игри во својата област.

Моментално вработува:

SEO SPECIALIST

H&M е моден бренд кој нуди најнови стилови и инспирација, од модни парчиња и уникатни соработки со дизајнери, до основни артикли за облека по пристапни цени. Нашата бизнис идеја е мода и квалитет по одлична цена на одржлив начин.

Моментално вработува:

DEPARTMENT MANAGER
ВИЗУЕЛЕН АРАНЖЕР - ТЕТОВО

Хотелот Мериот е луксузен хотел на плоштадот Македонија кој нуди традиција и искуство кое ќе го направат вашиот ден незаборавен.

Моментално вработува:

СЕНИОР МЕНАЏЕР НА МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА/ SENIOR SALES MANAGER
РЕЦЕПЦИОНЕР/ GUEST EXPERIENCE EXPERT
КЕЛНЕР-КА/ F&B SERVICE EXPERT
ГОТВАЧ/COOK

Tezenis е лансиран во септември 2003 година, во близина на Верона, Италија, со цел да се создаде бизнис во продажба на долна облека, домашна облека и пижами за мажи, жени и деца, преку продажна мрежа за франшиза.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР/КА НА ПРОДАВНИЦА - EAST GATE
АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - CITY MALL - СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал.

Моментално вработува:

ПРОЦЕНИТЕЛ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КИ ВО ГОСТИВАР

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Популарно