Доволен е само еден сексуален однос за девојката да остане бремена??

Без оглед колку сте заљубени во вашиот партнер, немојте да дозволите тој или таа да ве измами и да ве натера да не ги почитувате основните правила за секс. Првото сексуално искуство е нешто што луѓето ширум целиот свет го исчекуваат со нетрпение, па ако и вие сметате дека тоа набрзо би можело да ви се случи, погледнете ги следниве неколку клучни нешта кои младите најчесто ги забораваат…

1. Сексот на било кое место не е секогаш возбудлив

Иако постои доза возбуда кога станува збор за секс на недозволено место, сепак треба да водите сметка за вашиот избор, бидејќи многу лесно може да се случи да ве прекине некој во најубавите моменти. Токму затоа обрнете повеќе внимание на вашата приватност.

2. Првиот сексуален однос би требало да биде посебно искуство

Најдобро е доколку вашиот прв пат е со личност која ја чувствувате за блиска и драга, бидејќи постои разлика помеѓу сексот проследен со емоции и сексот со личност која само што сте ја запознале и не чувствувате ништо кон неа.

3. Светот не се врти околу вас

Немојте да бидете себични за време на сексуалниот однос. Вие и вашиот партнер треба подеднакво да го искусите и споделите ова заедничко искуство.

4. Доволен е само еден сексуален однос за девојката да остане бремена

Никогаш, буквално никогаш немојте да ја занемарите опасноста од несакана бременост. Во последно време бременоста помеѓу тинејџерките расте, па токму затоа бидете мудри и одговорни и користете заштита.

5. Немаат сите девојки оргазам првиот пат кога водат љубов

Дајте си себеси малку време, бидејќи има големи шанси вашиот прв сексуален однос да не биде огномет или земјотрес во кревет. Тоа е сосема природно. Потребно е малку време и искуство за подобро да се запознаете и да откриете што ви се допаѓа, а што не.

6. Еден сексуален однос е доволен за да се заразите со полово пренослива болест

Исто како и кај бременоста, доволно е само еден сексуален однос за да се заразите со полово пренослива болест, па токму затоа секогаш користете заштита. Секогаш! Не само првиот пат…

7. Оралниот секс не е толку безбеден колку што мислите

Многумина сметаат дека оралниот секс е посигурен, но вистината е дека и покрај тоа што со него не можете да останете бремени, сепак постојат големи можности за пренесување полови болести.

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно