Македонската гајда, еден од најпрепознатливите народни музички инструменти, доби светско признание како нематеријално културно наследство. Одлуката беше донесена на 19-та седница на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО, одржана во Асунсион, Парагвај. Номинацијата за впишување на гајдата беше подготвена пред две и пол години во соработка со Турција. Според одлуката на Телото за евалуација, гајдата ја симболизира културната поврзаност, единството и ...

Културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“ од вчера е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, информираат од Министерството за култура и туризам. Мултинационалната номинација, поднесена од Македонија и Турција, беше разгледана и усвоена на сесијата на 19. СОМ на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство, што се одржува во Асунсион, ...