Хари Кејн десет години е дел од А репрезентацијата на Англија и веќе играше големи финалиња во кои доживеа болни порази, но после импресивните квалификации кои ги одигра заедно со своите соиграчи, капитенот посочи дека ова е најдобриот тим од кој бил дел откако е член на националниот состав. Ѕвездата на Баерн Минхен постигна два гола во победата од 0:2 над Албанија, а со тоа Англија заврши едни перфектни квалификации во кои оствари осум победи, ...
Англија запиша осум победи на осум одиграни натпревари во квалификациската група за Светско првенство, но уште поимпресивна е статистиката која вели дека тимот на Томас Тухел даде 22 голови, а не прими ниту еден. Германскиот стручњак пронајде вистински баланс и воспостави рамнотежа каква што не се памети во англискиот тим, а такво мислење дели и капитенот на тимот, Хари Кејн. Ѕвездата на Баерн по победата над Албанија нагласи дека ова е ...

