Магдебург во Битола пристигна со осум победи од исто толку натпревари оваа сезона во Лигата на шампионите, но Германците не доминираа онака како што се очекуваше. Пелистер одигра добар ракомет, ракометарите се бореа максимално, и достоинствено го испотија дресот. На полувремето Магдебург имаше предност од 15-12, до крајот додадоа уште два гола за конечна победа од 31-26. Манасков и Радивојевиќ беа најефикасни кај Пелистер со по пет гола, ...
Еурофарм Пелистер ја заврши годината во Лигата на шампионите со горчлив пораз на гостувањето кај Загреб со 27-23. Иако Битолчани имаа фантастичен почеток и водство од четири гола, дефанзивниот колапс и очајната реализација во второто полувреме значеа минимални шанси за пласман во осминафиналето. За хрватскиот тим, ова се првите бодови сезонава во елитата, со што Пелистер ја пропушти златната шанса да се одлепи на табелата. Фантастичен почеток, ...

