Денеска во Кривичен суд исказ дава обвинетиот Влатко Кешишев, во врска со грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Кешишев кажа дека за време на грабнувањето на Панче, не знаел дека е убиен и ставен во дупката, бидејќи тој бил подалеку од настанот. „Јас бидејќи чекав подолу не знаев дека Панче е убиен и фрлан во дупката. Јас тоа го дознав кога се вративме во партија“, изјави тој. Ефремов: Дали имате одено во обиколка за ...
Бензинот што го купивме беше наменет за палење на „цитроенот“. Пазевме околу да нема дрва, Палчо го посипа со бензин, а Боре фрли чкорче, го опиша Влатко Кешишев моментот на палење на возилото на Жежовски по убиството на Вања. Кога Палевски му се јавил да му каже дека е во Турција, Кешишев му рекол „Овде врие од полиција”. Кога тоа му го кажав веднаш исклучи, се присети Кешишев. Обвинетелката Јосифовска го праша како се согласил да работи без ...
Кешишев сведочеше за киднапирањето и убиството на Вања: „Го видов Палчо со пиштол во рака, потоа слушнав истрел“ Обвинетиот и сведок Влатко Кешишев тврди дека сите договори за киднапирањата, вклучително и за девојчето Вања Ѓорчевска, биле меѓу Љупчо Палевски и Велибор Манев, а Палевски бил главниот организатор. Кешишев со уплав од Палевски, се плаши да сведочи во негово присуство Пред да ја грабнат Вања од влезот на нејзината зграда во Дебар ...