„Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од улиците до училиштата, од младите до возрасните. Јас, Сотир Лукровски татко на три деца, верувам дека општество во кое младите заминуваат нема иднина. Ако не создадеме услови тие да останат овде, за неколку години ќе се прашуваме каде сме згрешиле. За да не дојде до тоа, мора да ги слушнеме младите – нивните потреби, нивните идеи и нивната желба за слобода и слободно движење. ...
Откако со собирањето отпад низ Карпош не се прослави, кандидатот за градоначалник Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ почна да ветува се и сешто, поминувајќи ја границата – од политичка програма до политички поткуп. Веќе цела недела Лукровски шета по приватните болници „Систина“ и клиниката „ Жан Митрев“ ветувајќи бесплатни прегледи за остееопороза, за очи, за рано откривање и превенција на рак на кожата и бесплатни кардиолошки превентивни прегледи. ...

