Последната седница на Судскиот совет се одржа без негов претседател, а иако јавноста очекуваше до крајот на годината да се избере нов прв човек на Советот, сепак тоа не се случи. Денешната седница ја водеше потпретседателот Ханиф Зендели, а во неа за првпат учествуваа двајцата новоизбрани членови – судиите Аритон Ала и Данка Ристова. Меѓу последните одлуки на членовите на Советот за оваа година беше и поставувањето на в.д претседатели во судови ...
Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања, кои ќе бидат последни за оваа календарска 2024 година. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата. Вообичаено, седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот. Од Собранието, информираа дека одржувањето на оваа седница со пратенички прашања е согласно член 42 од Деловникот ...