Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска треба да пристигне во Јужна Кореја, која е зафатена од политичка криза. Блинкен ќе се сретне со својот јужнокорејски колега Чо Те-џул за да разговараат за „сојузот меѓу Јужна Кореја и САД, соработката со Јапонија, прашањата поврзани со Северна Кореја, како и за регионалните и глобалните предизвици,“ соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи. Посетата доаѓа во период на ...

Илјадници Јужнокорејци денеска се очекува да излезат на протести во Сеул во услови на сè подлабока политичка криза по неуспешниот обид за апсење на сменетиот претседател Јун Сук-јеол, обвинет за „бунт“ поради обидот да воведе воена состојба на почетокот на декември. Во центарот на градот, близу главниот плоштад и пред домот на Јун, се најавени собири на неговите противници и на неговите поддржувачи. Вчера, околу 200 војници и припадници на ...