Ова портокалово овошје на прв поглед наликува на домат. Иако се нарекува „јапонско јаболко“ или каки, првобитното потекло му е од Кина, иако се одгледува во сите потопли делови на светот. Егзотичниот плод во неговата незрела форма може да има горчлив/кисел вкус, но кога е целосно зрел е сладок како мед скриен во неговото портокалово месо. За жал, не е често присутно во нашата овошна чинија поради тоа што го купуваме во погрешна фаза на зреење и ...

Покрај јаболката, грозјето, дуњата во есен, актуелно е и јапонското јаболко. Кај нас јапонското јаболко најмногу се одгледува во Валандово. Тогаш е подигнат и првиот насад од садниците што од патувањето во Кина ги донел Лазар Колишевски. Поради неговата жолта боја и сознанието дека првите калеми се донесени од Далечниот Исток, народот го нарекол јапонско јаболко. Првите засадени јаболка биле во дворот на некогашното средно земјоделско училиште ...