Министрите за внатрешни работи на Шпанија, Италија, Грција, Кипар и Малта во заедничка изјава повикаа ЕУ веднаш да го зголеми финансирањето за спречување на миграцијата и управување со надворешните граници. Во контекст на состанокот MED5 во Неапол, тие ја истакнаа потребата од обединет глас кон Брисел, но и важноста од соработката со трети земји, реформата на Фронтекс и развојот на нови договори со земјите на потекло и транзит на мигрантите. ...
Европската комисија сигнализираше отвореност за нови начини на финансирање на одбраната во Источна Европа со цел зајакнување на источните граници на НАТО во светло на руската агресија, пишува порталот Политико. Еврокомесарот за економски прашања, Валдис Домбровскис, по состанокот на министрите за финансии на ЕУ во Варшава за време на викендот изјави дека Комисијата е подготвена да ги разгледа опциите што го надминуваат она што е веќе на маса, ...