Португалија вечерва и гостува на Република Ирска и со славје на овој меч и официјално може да го обезбеди билетот за Светското првенство во 2026 година. Островјаните знаат да бидат незгодни за Португалците и тоа се потврди и на првиот натпревар во групата каде фаворитот даде гол за победа дури во судиското продолжение. Ова беше соочување на кое Кристијано Роналдо не реализираше и пенал, па токму тој имаше интересна најава за вечерашната ...
Кристијано Роналдо имаше кошмарна ноќ синоќа во поразот на Португалија на гости кај Ирска, а во таа прилика доби директен црвен картон, што доведе до пресметка со домашните навивачи. Роналдо, кој беше исклучен за прв пат во 226 настапи за Португалија, самиот беше виновен за сцените кои му ги приредија Ирците. Португалија загуби со 2:0, а за да биде уште полошо за Роналдо, му беше покажан црвен картон поради кој може да ги пропушти првите два ...
Кристијано Роналдо нема по добро да го памети денешното гостување во Даблин, за прв пат во својата карира доби директен црвен картон во дресот на Португалија. По еден час игра на „Авива Стадионот“, судијата со помош на ВАР го исклучи напаѓачот поради тоа што со лакт удри противнички играч. Црвениот картон беше дочекан со воодушевување кај домашната публика, само пет минути претходно, Кристијано Роналдо имаше еден гест со кој покажуваше дека ...

