Денеска во Кривичниот суд продолжува рочиштето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Свој исказ треба да даде Алекандар Ѓорчевски, татко на убиеното девојче. Тој треба да ја открие најголемата дилема, дали го информирал првообвинетиот Љупчо Палевски дека на 27 ноември 2023 година неговата ќерка сама ќе оди на училиште? Досега, таква информација од останатите обвинети не слушнавме, освен признанијата што Велибор Манев и Боро Видевски ...

Таткото на убиената Вања кој е обвинет дека помагал при нејзиното грабнување, тврди дека нема никаква вмешаност во случајот. Денеска, одговарајќи на прашања од својот адвокат, рече дека останатите обвинети не ги познава, ама и дека не може да ги гледа во судницата. Ѓорчевски се пожали од односот на полицијата кои работеле на пронаоѓање на Вања. Смета дека истрагата ја воделе во погрешна насока и не му верувале дека е киднапирана неговата ќерка. ...

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, кој е еден од осомничените за случајот, денеска првпат сведочеше во Основниот кривичен суд во Скопје. Тој тврди дека нема инволвираност ниту со случајот ниту со обвинетите, кои не ги познава, а и не може повеќе да ги гледа. „Немам никаква инволвираност со овие луѓе, од чии искази во текот на постапката забележавме дека не чувствуваат ниту вина ниту се каат. Тие демонстрираат гнев и ...