Кинескиот сопственик на „Тик-ток“, компанијата „БајтДенс“, потпиша обврзувачки договори со американски и глобални инвеститори за преземање на мнозински удел во неговиот американски бизнис, потврди извршниот директор на „Тик-ток“, Шоу Зи Чу, пред вработените. Договорот би ги прекинал долгогодишните напори на Вашингтон да ја принуди „БајтДенс“ да ги продаде своите американски операции поради загриженост за националната безбедност, пишува Би-би-си ...

Онлајн платформата TikTok објави дека потпишала договор за заедничко вложување со инвеститорите, што ќе ѝ овозможи на компанијата да продолжи да работи во Соединетите Држави и да избегне потенцијална забрана поврзана со нејзиното кинеско сопствеништво, објавија американските медиуми, пренесе AFP. Извршниот директор на TikTok, Шоу Чу, им кажа на вработените дека TikTok и неговиот кинески сопственик, ByteDance, одобрија нов договор, во кој Oracle, ...