Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа над ТФТ со 80:67 во дерби натпреварот од 7. коло во првата македонска лига. Ова беше прв сезонски пораз на ТФТ во шампионатот или поточно сега нема повеќе непоразени екипи во Суперлигата. Избраниците на Атанасов уште во првата четвртина испратија јасна порака дека имаат една цел, а тоа е да го одбранат домашниот паркет. Тие во овој дел беа подобри со 21:14, потоа го добија ривалот и во втората, третата четвртина ...

Кога шампионот ќе реши да игра, дилеми нема. МЗТ Скопје Аеродром вечерва во СЦ „Јане Сандански“ испрати јасна порака до целата лига: Трофејот не мрда од Аеродром! Во градското дерби на 7. коло, „штрковите“ го совладаа амбициозниот состав на ТФТ Скопје со убедливи 80-67, со што ја комплетираа перфектната серија против директните ривали, по Куманово и Пелистер, падна и тимот од Тафталиџе. Од „егал“ до лекција за 10 минути Натпреварот започна ...

МЗТ Скопје уште еднаш демонстрираше шампионска игра, славејќи во дерби дуелот против ТФТ со убедливи 80-67. Откако минатиот викенд го совладаа Пелистер среде Битола, „металците“ вечерва беа подобри и од ланскиот финалист ТФТ, погрижувајќи се повеќе да нема непоразени екипи во мак-баскетот (единствениот пораз на МЗТ е службен, на дуелот со новиот суперлигаш Ангели). Вечерашното дерби мина во знакот на „сино-белите“, кои со цврста одбрана си го ...