Патешествијата по европските стадиони на меѓународните натпревари продолжуваaт за македонските претставници во УЕФА и во октомври, што јасно покажува дека комисиите на европската куќа на фудбалот имаат доверба во нив. Поранешниот наш најдобар фудбалски судија Александар Ставрев, сега во нова улога како контролор, на 23. октомври ќе го оценува судењето во второто коло во Конференциската лига на Европа во Виена меѓу домашниот Рапид и Фиорентина. ...

Фудбалерите на Риека славеа со 1-0 на домашен терен против Спарта Прага во натпреварот од 2. коло од новата сезона во третото по ранг европско натпреварување, Конференциската лига на УЕФА. Натпреварот кој почна вчера во 18.45 часот, а на двапати беше прекинуван поради обилните врнежи на дожд во Риека, конечно заврши денеска. Откако по вчерашните 45 минути резултатот беше 0-0, победа за домаќинот донесе Аду Адеји во 75. минута. Rijeka 1-0 Sparta ...