Современ дом АД Прилеп во првите девет месеци од годинава остварил добивка од 12.123 илјади денари и споредбено со истиот период од минатата година истата е намалена за 0,02%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Во овој период Друштвото остварило вкупни приходи од 76.646 илјади денари, кои се помали за околу 20% во однос на истиот период во 2023 година. Вкупните расходи изнесуваат 64.523 илјади денари и истите се намалени за околу 23% во ...

Тетекс АД Тетово во првите девет месеци од годинава остварил добивка од 11.455 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Истиот период лани добивката изнесуваше 40.378 илјади денари. Остварените приходи од продажба на производи и услуги изнесуваат 43.745 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на материјали, готови производи и стоки. Во финансиските приходи ...