Добивај вести на Viber Глобалните пазари бурно реагираа откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ги откри долгонајавуваните планови за воведување царини. Инвеститорите во паника ги повлекоа парите од американските берзански индекси, а акциите на компаниите зависни од глобалните синџири на снабдување паднаа. Фјучерсите на индексот S&P 500, кои покажуваат каде би можел да биде индексот по отворањето во четвртокот, паднаа за 3%. ...
Далекусежната царинска офанзива на американскиот претседател Доналд Трамп која втор ден се рефлектира на движењата на пазарите, се помалку дава надеж кај инвеститорите дека економската стабилност би можела да се врати пред крајот на оваа недела Азиските берзи втор ден бележат пад откако американскиот претседател Доналд Трамп ги објави новите царини за околу 180 земји кои извезуваат производи во Соединетите Американски Држави што предизвика ...
Сите најголеми светски берзи паднаа драстично, а само Волстрит збриша околу 2,4 билиони (2.400 милијарди) долари од пазарната вредност на компаниите од индексот S&P 500, бидејќи Вашингтон најави воведување драстични царини. Откако во средата вечерта американскиот претседател Доналд Трамп објави царини од 10 отсто на целиот увоз, а на увозот од земјите со кои САД имаат најголем трговски дефицит и дополнителни реципрочни царини, на светските ...
Крајно жалосно е што владата на САД ја објави својата одлука да наметне реципрочни тарифи, иако ние изразивме загриженост на различни нивоа и ги повикавме САД да не преземаат унилатерални мерки, изјави портпаролот на владата Јошимаса Хајаши. „Ние сме сериозно загрижени за тоа дали тарифната мерка е во согласност со правилата на Светската трговска организација и трговскиот договор помеѓу Јапонија и САД“, додаде портпаролот. Трамп најави нови ...