Бранителот на титулата влезе сигурен во натпреварот и поведе со 1:0 во сетови на гостувањето во СЦ “Форца”. Во продолжението одбојкарките на Газели Волеј имаа помирна игра во полето, а особено на мрежата, каде до израз дојде и блокот. Делуваа посигурни во клучните моменти и се изборија за комплетен пресврт и голема победа. Во редовите на Јанта Волеј се чувствуваше и заморот од напорниот ритам кој екипата го има со паралелниот настап и во ...

Актуелниот куп-освојувач, екипата на Наковски волеј, останува единствената непоразена во одбојкарското првенство на Македонија во женска конкуренција, откако во дербито на 7. коло го совлада Работнички Скопје со максимални 3:0 (18:25, 22:25, 20:25), во СЦ „Борис Трајковски”. Гостинките беа поконкретни и подисциплинирани и во поле и на мрежа и заслужено ја продолжуваат победничката серија. Со овие три бода, Наковски волеј го презема врвот на ...