Тоа што се најавуваше со месеци наназад во шпанската спортска јавност, ова попладне доби официјална потврда, и тоа од првите и водечките луѓе на Атлетико во изминатите децении. Енрике Серезо и Мигуел Анхел Хил направија фудбалски великан од Атлетико и го издигнаа клубот на ниво кое изгледаше незамисливо, па така како двајца најважни акционери ја одобрија продажбата на клубот вредна околу 2 милијарди евра. Новиот инвеститор насловен „Аполо Спортс ...

Антонио Конте не го криеше разочарувањето од последните настапи и резултати на неговиот Наполи, па лично претседателот на клубот мораше да ги демантира шпекулациите дека искусниот тренер решил да замине од клубот. Аурелио Де Лаурентис ја смири бурата и испорача многу комплименти за карактерот на Конте, но денеска тргна нова лавина шпекулации откако тренерот не го водел тренингот на актуелниот италијански шампион. Наполи остана без голем број ...

Оскар беше првата премиерлигашка ѕвезда која направи голем и фамозен трансфер во Кина пред осум години, а иако во меѓувреме ја заврши етапата во Шангај и се врати во родниот Бразил, последните информации велат дека играчот за врска е на добар пат да ја заврши кариерата. Оскар се врати во матичниот Сао Пауло на почетокот на 2025-та година и потпиша тригодишен договор, но после последните сериозни здравствени проблеми кои ги пријавил на вчерашните ...