Оваа сабота, 23 ноември со почеток во 13:30 часот во Музејот на Македонија ќе биде отворена самостојната изложба на фотографии „Постоиш ли Алиса?“ на авторката Јелена Белиќ. Изложбата ќе биде отворена до 5-ти декември и во себе вклучува портретни фотографии во простор на членовите на инклузивниот ансамбл на Колектив Ветерница и Трисомија 21. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам, Музејот на Македонија, Колектив ...

Во Музејот на Македонија оваа сабота (23 ноември) ќе биде отворена самостојната изложба на фотогтрафии од авторката Јелена Белиќ. „Изложбата ‘Постоиш ли Алиса?’ на Јелена Белиќ претставува визуелна наратива на едно исклучително патување на портрети во простор каде фотографиите се движат од лик до лик, формирајќи единствена целина во црно бело. Секоја фотографија суптилно и директно комуницира со гледачот, за на крајот – односно, на почетокот – ...