Кинеската амбасадорка Џианг Сиаојан попладнево се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Градоначалникот рече дека разговарале на повеќе теми, во делот на економијата и туризмот. -На наше огромно задоволство, денеска во посета на Општина Кавадарци беше амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сиаојан. На средбата се разговараше за богатата култура на двете земји, потенцијалите за туризам на нашата општина како и прогресивниот ...

Во изјава за медиумите, градоначалникот рече дека разговарале на повеќе теми, во делот на економијата и туризмот. „Тие можат многу да придонесат во делот на нашата економија, а пред се во делот на продажбата на македонско, тиквешко, кавадаречко вино во Кина, како голем консумент на вино. Некаде околу петстотини милиони литри флаширано вино троши Кина, а ние имаме вкупно производство на вино од педесет милиони литри. А имаме врвни вина. Заеднички ...