Судот утврди вина за загадување и опасност по здравјето Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која тројца обвинети се прогласени за виновни, откако признале дека незаконски собирале и складирале отпад, со што предизвикале пожар на поранешната депонија Вардариште. Според судот, тие создавале депонии спротивно на прописите, со што предизвикале опасност по здравјето на луѓето и загадување на земјата и воздухот. Сите тројца добија ...

Максимална тригодишна казна затвор за тројцата обвинети за дивата депонија Вардариште. Кривичниот суд одлучи дека обвинетите Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи се виновни за загрозување на животната средина. Тие од 2020-та година направиле инпровизиран склад без да формираат фирма. Во складот одлагале железо, стари акумулатори и отпад. По барање на Обвинителството, Судот одлучи тројцата да останат во притвор до правосилност на одлуката ...

Максимална казна од три години затвор добија денеска тројцата обвинети Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи за создавање диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Како што беше посочено на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд, тројцата обвинети се виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите, иако знаеле дека немаат дозвола согласно Законот за управување со отпад и немале основано правно лице за таква ...