Роберт Левандовски веќе влезе во последната година од договорот со Барселона, тим за кој настапува од 2022 година кога пристигна од редовите на Баерн Минхен. Полјакот има 37 години, но и понатаму знае да направи разлика на теренот, да биде од големо значање како што се потврди на последниот лигашки меч против Селта Виго каде забележа хет-трик. Меѓутоа тој во исто време и заработува огромна сума на пари во шпанскиот шампион и засега се е отворено ...
Откако Златан Ибрахимовиќ се грижи за трансферите на Милан, овој тим почнува да игра сè подобро и подобро, и моментално се на третото место во Серија А, само два бода зад лидерот Интер. „Росонерите“ направија одличен потег ова лето кога го доведоа Лука Модриќ, кој го напушти Реал (М) по 13 години, а неговото потпишување е повеќе од голем успех. Многумина мислеа дека е меч со две острици бидејќи искусниот Хрват веќе има 40 години, но Модриќ ...

