Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат со катастрофалната серија на резултати откако вечерва доживеаја елиминација и во англискиот Лига куп. Повторно подобар од „црвените“ веќе третпат годинава беше Кристал Палас со 0-2. Гостите сите дилеми околу победникот ги решија во само четири минути кон крајот на првото полувреме со двата гола на Ишмаила Сар. Од вториот дел за издвојување е и црвениот картон на младиот фудбалер на домаќините Амаро Нало во ...

Челси доживеа неочекуван пораз од Сандерленд во минатото коло во Премиер лигата и сега ќе мора да се „вади“ на големото лондонско дерби со Тотенхем. „Сините“ ја имаат улогата на гости и дефинитивно нема воопшто да биде лесно да се дојде до поволен резултат против составот кој е пред нив на табелата. „Петлите“ се ривал кој традиционално му лежи на Челси и тоа добро го знае Џо Кол кој издвои тројца играчи кои според него утре можат да ја направат ...