– Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите во вредност од 15.300 денари. Како ќе се искористат тоа оставаме на совеста на тие кои ги користат. Ние како Влада го ветивме овој проект и го испорачуваме – потенцираше Мицкоски. За шпекулациите дека некои од студентите ги продаваат ваучерите, Мицкоски истакна дека дури и некои од студентите да ги препродаваат, тие не можат да бидат искористени бидејќи се со лични податоци. – Мислам ...
„Продавам ваучер за електронски уреди во износ од 15.300 денари, за лаптоп, таблет, персонален компјутер, кој може да се искористи во поголемите продажни салони. Локација: Скопје. Цена: 11.000, лајк и ке ве контактирам“ – вакви огласи масовно се шират на социјалните мрежи. Студенти кои добиле ваучер од државата го продаваат за кеш и тоа за значајно помала сума. Но, се отвора дилемата како ќе го користи ваучерот тој што го купил? „Мислам дека и ...

