Во земја во која срамот во јавниот, а особено во политичкиот живот одамна не постои, секое оправдување држи вода. Ќе си речеш, па толку ли партијата на власт нема друг кадар, па не може да најде соодветна замена за таму некојси заменик-директор на јавно претпријатие? Де бре, голема работа. Ќе го осудат условно и – ќе ја затворат темата. Тој нема да може да биде директор, ама ќе му најдат друга работа. Нема да пропадне светот. Ама, не е така. На ...

Страшно е дека младите си заминуваат. Ама, пострашно од заминувањето на младите е заминувањето на срамот. 1Случајот со мртвата мечка, со која гордо се сликал заменикот директор на „Македонија пат“ Сашо Дранго, ќе го преземе Антикорупциската комисија. Нема што тука да се меша Обвинителството. За кадрите поставени од владејачка партија надлежна е Антикорупциската комисија. Секако, таа институција позната по својата кредибилност, ќе одлучи во полза ...