„Квадратен метар деловен простор на оваа локација се движи помеѓу 3.000 и 4.000 евра, што значи дека објектот на Груби вреди и до 500.000 евра. Артан Груби, да одговори како неговиот брат Ветон Груби го купува овој имот и со кои средства? И дали при купување на имотот на кој било кој начин е искористена неговата политичка моќ или политичко влијание? Груби да каже, како додека тој е вицепремиер, неговиот брат и нему блиски луѓе влегуваат во ...

Додека Артан Груби е вицепремиер, неговиот брат трупа огромен имот. Империјата Груби расте и зазема милионски димензии. Денес продолжуваме со откривање детали за бизнис империјата на семејството Груби. Се наоѓаме на улица Македонија, една од најфреквентните улици во Скопје, во чија близина се голем број на институции и трговски центри. Токму зад мене се наоѓа најновата инвестиција на семејството Груби, голем деловен простор, купен во време ...