Белград – Во рекордно време, за само неколку дена, големата белградска премиера на филмот „Враќањето на Жикината династија“, закажана за 2 декември во Сава Центарот, беше распродадена. Од реновирањето на Сината сала на Сава Центарот, ниедна филмска премиера немала таков интерес од публиката. Ова само потврдува дека култната франшиза сè уште има лојална и голема публика, а очекувањата од враќањето на легендарното семејство Павловиќ се огромни. ...
Публиката со нетрпение го очекува продолжението на култната „Жикина династија“. Освен стандардната актерска екипа, Никола Којо, Гала Виденовиќ, Весна Чипчиќ и Владимир Петровиќ, нè очекуваат многу изненадувања и нови ликови. Покрај Зорица Брунцлик во новиот филм ќе глуми уште една пејачка – Марина Цветковиќ Махрина. Таа откри дека улогата ја добила благодарение на проект во кој пеела и снимила музички спот за песна на Цеца Ражнатовиќ. -Снимав ...

