Маршот започна точно во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, каде масата носеше пароли со пораки што силно одекнуваа: „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“ и „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“. Колоната продолжи кон Собранието, а завршницата е предвидена пред Основниот кривичен суд во Скопје. Овој протест е првиот од ваков тип во главниот град, организиран од граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ ...

„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“. Овој моќен повик го означи „Маршот за ангелите“ во Скопје – протестен марш во спомен на 63-те млади луѓе кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март оваа година. Во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март 2025“ протестниот марш започна во 12:05 часот на собирното место, плоштадот „Македонија“. Граѓаните, кои овојпат излегоа масовно да маршираат, ...

На денешниот „Марш за ангелите“ во Скопје, според неофицијални процени, присутни се повеќе од 10 илјади граѓани. Семејствата на загинатите и граѓаните бараат правда за Кочани во пресрет на почетокот на судското рочиште за најголемата трагедија во поновата македонска историја. Маршот започна од плоштадот „Македонија“, продолжи кон Собранието на Република Македонија, по што граѓаните се упатија кон Јавното обвинтиелство и маршот ќе заврши пред ...