Македонски лекар кој работи на Воено-медицинската академија во Софија се соочува со можност за затворска казна до пет години, откако со својот автомобил прегази куче – маалскиот миленик Маја во еден од квартовите на бугарската престолнина. Инцидентот бил снимен од надзорни камери на улицата Пчиња, а видеото кое кружи на социјалните мрежи предизвика гнев и згрозеност кај јавноста. На снимките се гледа како лекарот со автомобил го гази кучето, ...

Македонскиот доктор Ненад Цоневски, кој пред неколку дена прегази куче во Софија, денес сам се појавил во Третата окружна полициска станица во придружба на својот адвокат. Веста ја потврди директорот на Софиската дирекција за внатрешни работи, главниот комесар Љубомир Николов, кој изјави дека Цоневски целосно соработува со истрагата. Станува збор за 28-годишен специјализант по торакална хирургија во Воено-медицинската академија во Софија, од ...