По сончевиот викенд во Националниот парк Маврово, граѓаните се соочија со километарски застои на патот кон дома. Некои возачи чекаат речиси четири часа за да го продолжат патувањето, објави Телма, Полицијата ги пренасочува возилата преку селата Леуново и Никифорово, што значи дополнително возење околу Мавровското Езеро, бидејќи од другата страна патот е непрооден. Многумина изразуваат загриженост поради празни резервоари со гориво, што ...

Колона возила се создала на патот Никофорово-Радика, а граѓаните чекале неколку часа за да се придвижат со своите автомобили, во кои имало и мали деца. Од Центарот за управување со кризи велат дека се работи за застој поради голем број автомобили на тесниот пат, а застој имало и на крстосницата Маврово-Кичево-Гостивар. Според последните информации, сепак колоната возила започнала да движи, и се очекува расчистување на гужвата. ...