Фудбалерите на Нотингем Форест остварија победа над Манчестер Јунајтед од 1-0 во последниот натпревар од денешната програма од 30. коло во Премиер лигата. „Шумарите“ имаат претрпено само два порази на домашен терен во оваа сезона, последниот дури во ноември, а таа нивна серија продолжи и по вечерашниот меч на кој Јунајтед ја имаше топката во своите нозе, упати далеку повеќе удари, меѓутоа крајниот резултат е оној кој вели дека домаќините дојдоа ...
Манчестер Јунајтед беше далеку подобар ривал на „Сити Граунд“, па иако создаде доста повеќе шанси од домашниот тим, сепак не најде доволно добри решенија во завршната третина за да се опорави од почетниот шок. Антони Еланга режираше неверојатен соло продор и постигна несекојдневен гол откако претрча најмалку 70 метри, погодок со кој режираше таканаречена „слатка одмазда“ против клубот во кој не доби вистинска шанса за докажување. Еланга како ...