Претседателката на албанскиот парламент која е во официјална посета на земјава, исто така, изрази надеж дека Законот за јазиците ќе биде целосно имплементиран и дека одлуката на Уставниот суд на земјава, кој треба да одлучува по ова прашање, ќе биде во духот на Охридскиот рамковен договор Нејзиниот домаќин, спикерот на македонското Собрание Африм Гаши, говорејќи во контекст на евроинтеграциите, рече дека на средбата со Спирополи заклучиле дека ...
Членството во Европската унија останува наш стратешки приоритет, како во внатрешната, така и во надворешната политика. Скромно, но и по нашето право, ние веруваме дека ЕУ треба да продолжи да нуди јасен и достапен пат кон членството за двете наши земји, како и за целиот наш регион на Западен Балкан. Со одржување на кредибилна политика за проширување, ЕУ може да ги стимулира реформите и да поттикне чувство на надеж и насока, порача ...