Екипата на Е.Пелистер 2 со 31-26 ја победи екипата на Радовиш, која го запиша и десетиот пораз во десетиот натпревар во Супер-лигата. Освен во првите мигови кога Радовиш имаше предност од 0-1 и 2-3, водството потоа го презедоа домашните ракометари, и го држеа до крај. Како одминуваше времето, битолчани ја зголемуваа разликата, но во еден миг Радовиш стигна до -2 (27-25). Сепак, со брзи четири гола, заминаа домаќините на +6 на две минути до ...
Еурофарм Пелистер – Куманово 45:20 (20:8) Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во Битола лесно го победија тимот на Куманово со убедливи 45:20 во единаесеттото коло од македонската Суперлига. Шампионот настапи без голманот Никола Митревски, а во првото полувреме меѓу стативите беше Саид Хеидарирад. Повеќето ракометари на битолчани беа на располагање за стручниот штаб, па така Куманово немаше многу шанси за било какво изненадување во салата ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 остварија рутинска победа над Радовиш од 31:26 во средбата од 10. коло во Суперлигата. Младите битолчани знаеја што сакаат на овој меч и уште во првиот дел се стекнаа со предност од пет разлика (19:14) која беше пресудна кога ќе се погледне конечниот резултат. Ова за „зелено-белите“ беше четврто славје во кое се истакна Азис со десет погодоци, голманот Јовановски забележа 13 интервенции. Постолов со осум гола ...

