Со денешни два натпревари, почнува 11-то коло во Првата македонска фудбалска лига. Во Гостивар, Арсими го пречекува Работнички , а во Ѓорче Петров Македонија е домаќин на Башкими. По значајната победа на гости против Тиквеш во Кавадарци, Арсими подготвен за да освои нови три бода. Атмосферата е позитивна, а победата во Кавадарци донесе дополнителна мотивација и самодоверба кај фудбалерите. Еден од играчите во одбранбениот ред на Арсими Ајрадин ...
Работнички беше многу блиску до толку посакуваната втора победа во актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига, но на крајот повторно мораше да се задоволи само со бод од дуелот со Арсими. Скопскиот тим водеше со 0:2, со голови постигнати за нецели две минути во финишот на првиот дел, но не го задржаа тој позитивен резултат по паузата. Најпрвин Велиу со атрактивен гол намали водството на „романтичарите“ во 68. минута, а Таипи во 85. ...

