Општина Куманово распиша јавен повик за изнајмување продажни штандови за манифестација „Новогодишно-божиќен базар“, која ќе започне на 15.12.2025 , а ќе заврши на 10.01.2026 година. Штандовите ќе бидат поставени на Градски плоштад „Нова Југославија“, во центарот на градот. Од Општина Куманово информираат дека ќе има 13 дрвени штандови на кои ќе можат да бидат изложени: традиционални занаетчиски изработки (дрворезба, керамика, грнчарство, ...
Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, во соработка со локалната библиотека „Гоце Делчев“, распишаа литературен конкурс за поетски творби на темите „Елката што шепоти“ и „Божиќната ѕвезда“. Право на учество имаат учениците од сите основни училишта во Општина Велес, поделени во три категории, првата за ученици од IV и од V одделение, втората за ученици од VI и од VII одделение и третата за ученици од VIII и од IX одделение. Рокот за ...

