Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ѝ однесе букет свежо цвеќе на досегашната градоначалничка Данела Арсовска. Двајцата остварија кратка средба во Градското собрание, на која формално беше извршено преземањето на должноста градоначалник на Град Скопје. „Почитувани сограѓани, Денес функцијата му ја предадов на новоизбраниот градоначалник на град Скопје, на кој му посакувам, пред сѐ, многу здравје, а потоа чесно и посветено да го ...
Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје, каде протоколарно се сретнаа доскорешната градоначалничка Данела Арсовска и новоизбраниот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. По средбата, Ѓорѓиевски во изјава за медиумите најави дека вечерва од 20.30 часот започнува акција за темелно чистење на главниот град, со која, како што рече, ја започнува реализацијата на првото ветување ...

