Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, остро го критикуваше украинското раководство затоа што не му се заблагодари за неговите напори да ја заврши војната со Русија. Во објава на својот профил на Truth Social, американскиот претседател ја обвини Украина дека „нема благодарност“. „Војната меѓу Русија и Украина е насилна и ужасна војна која, со силно и соодветно водство од САД и Украина, никогаш немаше да се случи. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп деновиве зборува како да е на чекор до договор за Украина. НАТО-сојузниците, пак, слушаат друг тон. Генералниот секретар на Алијансата Марк Руте предупредува на претерани очекувања и потсетува дека „сме далеку од целта“, иако признава дека американскиот мировен план има „многу добри елементи“ што првпат сериозно ги седнуваат Киев и Вашингтон на иста маса околу иднината на војната. Зад овој јаз во оптимизмот ...

