„Имав денеска состанок со сите амбасадори од ЕУ и разговаравме и за отпочнатиот скрининг. Сите извештаи се дека скринингот се одвива непречено, а патоказите ќе бидат основа за унапредување на односите во земјава. Еден од нив се правата на малцинстватга. Очекувам дека ние на највисоко, на врвно ниво ќе го исполниме овој стандард затоа што кај нас правата се издигнати на највисоко ниво. Имаме и закони за остварување на правата на помалите заедници ...
Премиерот Ковачевски не сака да ја коментира изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, бидејќи, како што вели, Бугарија е во избори. За влез во ЕУ, вели премиерот, ние не преговараме со Бугарија, туку со Унијата во Брисел и вето нема да има, бидејќи, како што рече, ние веќе ги почнавме преговорите. „Бугарија не би ја коментирал, бидејќи тие се наоѓаат во избори и таму секој дава изјава само за да собере глас плус. Кога ќе завршат ...