Екипите на Бохум, Борусија Менхенгладбах и Лајпциг обезбедија пласман во 1/8 финалето на Купот на Германија, откако триумфираа вечерва над своите противници. Бохум го изненади Аугзбург и го победи на негов терен со 0-1 со голот на Холтман. На Менхенгладбах не му „цветаат рози“ во Бундеслигата, но затоа успеа да обезбеди пласман меѓу 16 најдобри на Купот, откако го совлада Карслруе со 3-1 со головите на Мачино, Елведи и Табаковиќ. Шлејсенер беше ...

Фудбалерите на Баерн Минхен остануваат перфектни на стартот на новата сезона, откако вечерва во 1/16 финалето од германскиот национален куп славеа на гостувањето кај Келн со убедливи 1-4. Домаќините стигнаа до изненадувачко водство од 1-0 со голот на Аче во 31. минута. До крајот на првиот дел гостите стигнаа до целосен пресврт со головите на Диаз во 36. и Кејн во 38. минута (1-2). На 1-3 зголеми Кејн во 64. минута, додека конечните 1-4 ги ...