Добивај вести на Viber Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески ги повика приватните превозници да не наседнуваат на манипулациите на градоначалничката Данела Арсовска и вели дека таа е непредвидлива. „Може да го направи истото што го направи со вашите претходници од пред 2 години, кога им ги укина лиценците. Може да останете на улица, може да останете без леб“, вели тој. Славески упати порака до Арсовска, но и до Владата. ...
Посочи дека пред две години кога приватните превозници штрајкуваа и изразуваа знаци на револт, таа им ги раскина договорите и почна постапка за избор на нови даватели на услуги. А сега, како што вели тој, иако веќе тие четири-пет месеци не се држат до договорите потпишани пред година и пол, а важат до 2025 година, таа ги толерира Градоначалничката Данела Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како ...
Тој додаде дека доколку ситуацијата ескалира поради инаетот на Арсовска, Владата, бидејќи е прогласена вонредна состојба, има мерки, има инструменти да го да го реши овој проблем, со тоа што ќе им даде на сите на знаење дека кога станува збор за една витална дејност не може да се поигрува со граѓаните и нивните судбини, нивната неможност да стигнат до своето работно место. На прашањето од новинарите кои се тие мерки што може да ги примени ...