Кина не сака трговска војна со САД, но ќе биде принудена да се вклучи во борбата доколку американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да ги ескалира трговските тензии, соопшти денеска нејзиното Министерство за трговија. „Нема победници во трговската војна“, се вели во соопштението. Трамп воведе царини од 104 отсто за Кина, а Пекинг го нарече потегот уцена и најави одговор. „САД ги користат тарифите како алатка за создавање максимален притисок ...

Како што трговската војна меѓу Кина и САД влегува во нова фаза, кинеското Министерство за надворешни работи ја одржа својата редовна прес-конференција, на која доминираше темата за царини и односите со Вашингтон. Портпаролот на Министерството Лин Џијан веднаш беше прашан за царините, на што тој ги обвини САД дека „ја користат трговијата како оружје за максимален притисок“ и се обидуваат да постигнат „себични цели“. „Овој потег не е само против ...