Иницијативата „Сите за Палестина“ организира протестен марш со цел изразување солидарност со палестинскиот народ и осуда на геноцидот во Газа. Настанот ќе се одржи во сабота, 29 ноември 2025 година, со почеток во 12:00 часот, пред споменикот „Симфонија на мирот” на плоштадот Слобода. Маршот ќе продолжи по централното градско подрачје, минувајќи пред зградата на Собранието и завршувајќи пред зградата на Министерството за надворешни работи. ...
Секоја година на 29 ноември, Обединетите нации го одбележуваат Меѓународниот ден на солидарност со палестинскиот народ, што се совпаѓа со годишнината од усвојувањето на Резолуцијата 181 за поделба од страна на Генералното собрание во 1947 година. Во 1977 година, Генералното собрание повика на годишно одбележување на 29 ноември како Меѓународен ден на солидарност со палестинскиот народ (резолуција 32/40 Б). На тој ден во 1947 година, Собранието ...

