Јувентус ја прекина серијата на нерешени натпревари во Серија А со славје над Џенова со 3-0 во средбата која се играше зад затворени врати поради казната за домашниот тим. „Старата дама“ конечно го доби Душан Влаховиќ кој проработи и по пауза од еден месец даде два гола исто како претходно што го направи на соочувањето со Верона. Србинот доста беше критикуван и овие два погодоци како да го ослободија, па дури и испрати порака при славјето, ...

Душан Влаховиќ на постојаните критики кои ги добива од страна на италијанската фудбалска јавност одговори со два гола во победата на Јувентус од 3-0 над Џенова. Србинот прослави со гестикулација која многумина ја протолкуваа како „само вие зборете“, па истата одново предизвика лавина на реакции. Еден од оние кои го крена гласот против Влаховиќ е и легендата на италијанскиот фудбал, Паоло Ди Канио. „Тоа го прават само малите играчи. Тој е ...