„Безвредна е препораката да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица ако присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол. За какви веселби и прослави дискутираме односно какви протоколи Комисијата за заразни болести предлага ако присуството на т.н. музичари и понатаму е „забрането” односно „дозволено” само на свадби. Да не се ...
Дозвалата за организација на прослави, веселби и свадби согласно протоколи, наместо да влијае позитивно, ќе предизвика хаос во работењето и новото секојдневие, велат од Независната угостителска комора. Бараат музичарите да се вратат во кафулињата и другите објекти, а да не биде пропишано дека музичари се дозволени само на свадби. Од НУК тврдат и дека мора да се зголеми горната граница на ограничувањето на децибелите музика во објектите. ...