Напорите за формирање нова влада во Сирија продолжија во вторникот по историското соборување на режимот на Башар Асад и крајот на граѓанската војна што започна во 2011 година, што кулминираше со убедлива победа на бунтовничките сили. Во меѓувреме, со откривањето на дополнителни докази кои укажуваат на бруталноста на режимот кон неговите противници, лидерот на организацијата одговорна за падот на Асад вети дека ќе ги казни „воените злосторници“. ...
Водачот на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), Абу Мохамад ал Џолани, кој го предводеше соборувањето на режимот, рече дека бунтовниците имаат намера да ги повикаат претставниците на режимот на Асад на одговорност. „Нема да се двоумиме да ги повикаме на одговорност криминалците, убијците, безбедносните офицери и армиските офицери вклучени во мачењето на сирискиот народ. Ќе ги гониме воените злосторници и ќе побараме нивно предавање од земјите во кои ...