„Ербап-европеецот” Зоран Заев, спремен да прати туѓи деца на фронтот, на големо, во стотици милиони рубљи, секој месец врши трговија со руско железо и челик, односно купува евтино железо од Русија, чија цена е пониска поради силните западни санкции кон Русија, и прави зделки во кои сите имаат заработка, и продавачите од Русија и купувачот фирма на Заев. Така, кажано со сегашниот наратив на европските политички лидери, тој, заради лично богатење, ...
Поранешните премиери на Македонија, Зоран Заев и Никола Груевски, влегоа во жестока онлајн расправија на Фејсбук, разменувајќи остри обвинувања за корупција, бизнис интереси и политичка дволичност. Во фокусот се најдоа теми како златната виза во Дубаи, врските со Русија и афери од времето на ковид кризата. Груевски обвинува за дволичност и скриени бизниси Груевски, кој со години е во бегство и има азил во Унгарија, преку долга објава на Фејсбук ...
Јас жеден да сум, Русија капка вода нема да ми даде, а камоли бизнис да ми даде, му одговори поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев на Никола Груевски, кој го обвини Заев дека секој месец купува евтино железо од Русија и прави зделки во кои имаат заработка и продавачите од Русија и купувачот, кој е фирма на Заев. „Никола, тебе навистина ти е досадно, нели?! Читам денес дека си почнал и да се разубавуваш. Човеку, ти навистина не знаеш што ...

