1492.- Христофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент – Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје. 1532.- Шпанскиот конквистадор Писаро, само со 200 војници, со измама, ја освои Кахемарка и го зароби царот Атахулапа. По ова ...
354.- Роден е Свети Аврелиј Августин, епископ во римска северна Африка, најпознат претставник на раните христијански мисли. Неготово најзначајно дело е „За државата Божја“. 1093.- Умре шкотскиот крал Малколм III во текот на петиот безуспешен обид да ја покори Англија. На власт дојде во 1057 година, кога во битка го уби кралот Макбет, осветувајќи се за убиството на својот татко, кралот Данкан I во 1040 година. 1312.- Роден е англискиот крал ...